Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Блискиот Исток бројот на новозаразени со ковид пораснал за повеќе од 60 проценти

На Блискиот Исток бројот на новозаразени со ковид пораснал за повеќе од 60 проценти

На Блискиот Исток бројот на новозаразени со коронавирусот пораснал за повеќе од 60 проценти, а во Северна и Јужна Америка за 26 проценти, велат од Светската здравствена организација(СЗО). Бројот на починати паднал во сите делови на светот освен во Африка, каде пораснал за речиси 50 проценти. Податоците кои ги објавила СЗО не ја опфаќаат епидемијата во Северна Кореја, која допрва треба да проследи официјални податоци.

Бројот на новозаразени во Европа и југоисточна Азија се намалува, додека на американскиот континент, Блискиот Исток, Западен Пацифик и во Африка расте. Забележани се околу 9.000 починати.  Се намалува бројот на жртви на ковид - 19, велат од СЗО.  Бројот на починати од коронавирус во светот oпаднал за 21 процент минатата недела. Минатата недела, во светот се регистрирани околу 3,5 милиони нови случаи. 

СЗО се обидува да ги убеди властите во Северна Кореја да пружат повеќе информации и да прифатат помош, вклучувајќи техничка поддршка, вакцини, тестови и лекови, но државата досега не одговорила. Во Кина бројот на новозаразени скокнал за 94 проценти.

Во Кина имаше рестрикции, а во Северна Кореја бројката на заразени нагло порасна. Досега во светот над 15 милиони луѓе починале од коронавирусот. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести