Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Балканот му се заканува нова војна

На Балканот му се заканува нова војна
Затворањето на границите во земјите од западен Балкан за бегалците „лесно би можело да ги обнови старите крвави судири на Балканот“, предупредува чешкиот премиер Бохуслав Соботка. Тој смета дека Балканот се уште не е интегриран, а сеќавањата на војните биле се уште живи. „Ако притисокот на миграцијата не успее да го контролира Турција во соработка со Грција, решението е да се договориме со Бугарија, Македонија и Албанија, да им се даде максимална помош и да почне регулирањето на миграцијата на нивните граници“, изјави Соботка. Чешкиот премиер додал дека ЕУ на овој начин би извршила дополнителен притисок над Грција за подобро да соработуваат со Турција во совладувањето на бегалскиот бран. За таканаречениот „план Б“, Брисел да постави брана на бегалскиот бран на јужните граници на Македонија и Бугарија, ќе се расправа на вонредниот самит во Прага на 15-ти февруари, на кој ќе учествуваат премиерите на земјите од Вишеградската група (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија“, кои заедно сакаат да му достават предлог на Брисел.
Слично

Поврзани вести