Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА БАЈДЕН МУ Е ОТКРИЕН РАК КОЈ ВЕЌЕ МЕТАСТАЗИРАЛ: Клинтон му посвети статус на екс претседателот

НА БАЈДЕН МУ Е ОТКРИЕН РАК КОЈ ВЕЌЕ МЕТАСТАЗИРАЛ: Клинтон му посвети статус на екс претседателот

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностициран рак на простатата, се вели во соопштението од неговиот кабинет во неделата.

На Бајден, 82, му е дијагностициран рак на простатата во петокот откако посетил лекар поради уринарни симптоми.

Ракот се карактеризира со Глисонов скор од 9, со метастази во коските, соопшти неговиот кабинет, што значи дека станува збор за поагресивна форма на болеста.

Се истакнува дека Бајден и неговото семејство ги разгледуваат опциите за лекување, се вели во соопштението.

Канцеларијата на поранешниот претседател додаде дека ракот е чувствителен на хормони, што значи дека веројатно може да се контролира.

Откако информацијата беше објавена во јавноста, на фејсбук се огласи поранешниот американски претседател, Бил Клинтон.

„Мојот пријател Џо Бајден отсекогаш бил борец. Хилари и јас навиваме за него и ги имаме во мислите него, Џил и целото семејство“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести