Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА АВСТРИСКИТЕ АЛПИ Е ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО, РАНЕЦ СО ПАРИ И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА: Полицијата верува дека таму било 22 години

НА АВСТРИСКИТЕ АЛПИ Е ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО, РАНЕЦ СО ПАРИ И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА: Полицијата верува дека таму било 22 години

Планинарски водич пронашол остатоци од човек за кој се верува дека загинал во несреќа на глечер пред 22 години високо на австриските Алпи, соопшти полицијата. Телото беше пронајдено  на глечерот Шлатенкис во националниот парк Хохе Тауерн во источната провинција Тирол, блиску до италијанската граница и на надморска височина од околу 2.900 метри.

Водичот ја известил полицијата во Линц, чии припадници го извлекле со помош на хеликоптер. Неколку метри под телото спасувачите пронашле ранец со пари, банкарска картичка и возачка дозвола. Полицијата утврдила дека најверојатно станува збор за посмртните останки на Австриец кој во моментот на исчезнувањето имал 37 години, јавува Асошиејтед прес.

Ваквите пронајдоци стануваат се почести

Исчезнатиот носел опрема за скијање. Се спроведува споредба на ДНК за да се потврди идентитетот на мажот, а резултатите се очекуваат за неколку недели. Поради топењето на глечерите, за што многу научници го обвинуваат глобалното затоплување, има се повеќе откритија на останките на планинари, скијачи и други алпинисти кои исчезнале пред неколку децении.

Самиот глечер Шлатенкис веќе беше сцена на слично откритие. Се верува дека коските пронајдени таму во 2011 година му припаѓаат на локален жител кој бил исчезнат од 1957 година. Во соседна Швајцарија, полицијата минатиот месец објави дека ДНК тестовите потврдиле дека телото пронајдено на глечер во близина на Матерхорн е на исчезнат германски планинар во 1986 година.

ФОТО: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Слично

Поврзани вести