На Антарктикот најмалку 16 вработени се заразени со коронавирусот
Коронавирусот стигна и на Антарктикот, каде најмалку 16 вработени се заразени и засега имаат благи симптоми.
Белгиската научноистражувачка станица на Антарктикот го рашири коронавирусот, иако сите вработени се целосно имунизирани и се наоѓаат во еден од најоддалечените региони во светот.
Проектниот менаџер на Меѓународната поларна фондација Џозеф Чик изјави дека на сите жители на станицата им било понудено да патуваат со редовен лет на 12 јануари, но дека сите сакале да останат и да продолжат да работат. Првиот случај на вирусот во станицата е откриен на 14 декември во тимот кој пристигна една недела порано. Членовите на тимот и другите позитивни беа во карантин, но вирусот продолжи да се шири.
Во светот малите островски земји долго време издржаа без заболени од коронавирусот.
Слично
