Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Американците ќе им треба виза за ЕУ: Кога стапуваат на сила новите правила и што значи тоа

На Американците ќе им треба виза за ЕУ: Кога стапуваат на сила новите правила и што значи тоа

Американските државјани кои ќе патуваат во некоја од земјите на Европската унија наскоро ќе мора да имаат виза.

Европската унија вчера објави дека на патниците од САД од 2021 година ќе им биде потребна нова виза да го посетат шенгенскиот простор која ќе ја носи кратенката ЕТИАС.

Шенгенот опфаќа 26 земји на ЕУ кои немаат меѓусебни граници и дозволуаат слободен премин на луѓето и производи.

Во моментов државјаните на САД може да патуваат 90 дена во ЕУ без виза.

За да аплицираат за ЕТИАС , на граѓаните на САД ќе им треба важечки пасош, емаил, како и кредитна или дебитна картичка, објави ЕУ. На малолетните ќе им треба само пасош.

ЕУ објасни дека ЕТИАС визата важи три години и дека им овозможува на Американците влез во шенген зоната колку пати и да сакаат.

Слично

Поврзани вести