Економија, финансии, бизнис

Контакт

На аеродромот во Хановер маж влета со автомобил

На аеродромот во Хановер маж влета со автомобил

Маж со автомобил упаднал на аеродромот во Хановер, поради што летовите се прекинати.

Прекинат е воздушниот сообраќај по инцидентот кога човек со автомобил се пробил низ влезната капија на оградената аеродромска зона.

Според германските медиуми, мажот е приведен, а возилото со кое управувал имало полски регистарски таблички.

Слетувањата и полетувањата на авионите попладнево беа прекинати за време на истрагата, иако терминалите беа отворени, објави АП.

Слично

Поврзани вести