НА АДРЕСА НА БОЛНИЦА 57 ГОДИНИ СТИГНУВА ИСТО ПИСМО: Кој е мистериозниот пациент, и што пишува?
Еден благодарен поранешен пациент му праќа на болничкиот персонал на Стамфодската болница анонимна божиќна честитка секоја година од 1960 година.
Од болницата наведуваат дека честитката се појавува „секоја година без исклучоци“ на маса со иста порака на благодарност и тоа трае веќе 57 години.
„Би било прекрасно да пронајдеме некој кој е благодарен после сите овие години“, соопштуваат од болницата.
Персоналот сака да го најде мистериозниот испраќач како би можеле да му се заблагодарат и посакаат среќни празници.
Од поштата во Челмсфорд, откаде што стигнува пратката, единствено што знаеле да им кажат е дека се работи за личност од машки пол.
Во честитката се наведува дека е во прашање благодарен пациент од 1960 година и дека уште се држи добро.
