Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 84 години почина Медлин Олбрајт

На 84 години почина Медлин Олбрајт

На 84 години денеска почина Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД. 

Таа беше 64-тиот американски државен секретар, а воедно и прва жена на таа функција.

Нејзината смрт беше потврдена во мејл до персоналот на групата Олбрајт Стоунбриџ, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт.

По предлог на американскиот претседател Бил Клинтон, откако Сенатот го одобри нејзиното назначување, таа ја презеде функцијата на 23 јануари 1997 година. Потоа беше вонреден професор по дипломатија на Универзитетот Џорџтаун. Олбрајт имаше голема улога во нападите на НАТО врз СР Југославија.

Олбрајт значително влијаеше врз американската политика во Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток. 

Слично

Поврзани вести