Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 76 години почина Арета Френклин

На 76 години почина Арета Френклин

Кралицата на соул музиката, Арета Френклин почина утрово на 76 годишна возраст во Детроит. Френклин почина дома од рак на панкреас. Френклин, која е ќерка на свештеник, во својата кариера доби 18 Греми награди и околу 25 златни плочи.

Таа стана првата жена чие име влезе во Куќата на славните во рокенролот, а нејзините песни и денес, по повеќе децении од објавувањето привлекуваат бројна публика. 

Последниот настап го имаше минатиот ноември, на гала во Њујорк, одржана во знак на поддршка на фондацијата „Елтон Џон еидс“.

Родена во Мемфис како дете на евангелистичка пејачка/пијанистка и прославен баптистички проповедник, Френклин имаше импресивно моќен глас.

Слично

Поврзани вести