На 118 години почина најстарата жена во светот
Почина најстарата жена на светот, француската калуѓерка Андре. Имаше 118 години и почина во старечки дом во Тулон, на југот на Франција, јавува Reuters.
Лусил Рандон, која го добила името Андре кога се приклучила на католичкиот ред на сестрите на милосрдието во 1944 година, преживеа инфекција со коронавирусот лани. Таа е родена на 11 февруари 1904 година. За долговечноста, рекла дека пие по една чаша вино секој ден и дека чоколадото е нејзината „тајна“.
Во 2017 година во Индонезија маж почина на 146 години.
Слично
