Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 100 дена од руската инвазија Зеленски вели дека неговата земја ќе победи

На 100 дена од руската инвазија Зеленски вели дека неговата земја ќе победи

По повод 100 дена од почетокот на руската инвазија на Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја ќе победи. 

Видео пораката е објавена по повод 100-тиот ден од руската инвазија и потсетува на уште една порака што Зеленски ја сними на 25 февруари, ден откако руските сили ја нападнаа Украина, на истото место и со истите соработници, за да влеат доверба кај Украинците. Пораката трае 36 секунди, а тој стои пред зградата на претседателската канцеларија во Киев, до премиерот Денис Шмигал и шефот на пратеничката група на владејачката украинска партија и еден од главните преговарачи со Русија, Давид Арахамија.

„Претставниците на државата се тука, бранејќи ја Украина веќе 100 дена”, рече тој. 

Русите под контрола имаат 20 отсто од територијата на Украина. Сепак, Украина во повеќе наврати нагласи дека нема да прави компромис за територии. 

На тема за војната во Украина, словенечкиот претседател Борут Пахор вели дека таа е погрешна и длабоко неморална. 

Слично

Поврзани вести