“Њујорк тајмс” во рацете на нов газда?
Доналд Трамп сака да го купи еден од највлијателните весници во САД "Њујорк тајмс" и веќе остварил неколку средби за изгледите на трансакцијата, соопшти неименуван извор за "Њујорк Мaгазин".
Нема детали околу разговорите меѓу Трамп и семејство Сулцбергер што поседува контролниот пакет акции во весникот, но не се дематира дека ги имало.Сепак претставници на "Њујорк тајмс" и Трамп одбија да коментираат. Според весникот гласините за можна промена на сопственикот на дневниот весник не се нови,меѓу потенцијалните купувачи беше и градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг
Слично
