Њујорк поразен, милијардерите ја окупираа Москва
Москва е градот во кој живеат најмногу милијардери или 76 луѓе со капитал поголем од милијарда долари. Со ова руската метропола му го одзеде приматот на Њујорк каде сега има 70 милијардери.
На третото место се наоѓа Хонг Конг со 54 милијардери и Пекинг со 41 милијардер го истуркаа Лондон со 40 милијардери кој се најде на петто место на градови со најмногу богати луѓе.
Во првата десетка на оваа листа се наоѓаат уште два кинески градови - Шангај со 24 и Шенжен со 22 милијардери.
Според податоците на рускиот весник РБК, најмногу милијардери и натаму има во САД - дури 409, потоа Кина- 317 Кинези, а на трето се Русите, меѓу кои има 137 лица со богарство над 1 милијарда долари.
Слично
