МУТАНТОТ ОД ИНДИЈА ПРЕНЕСЕН И ВО ИЗРАЕЛ: Колку е ефикасна вакцината против индискиот сој?
Во Индија се
регистрирани 41 лице заразени
со индискиот сој на корона вирусот, меѓу нив има и пет деца, а четворица од
вкупниот број биле вакцинирани. Израелското министерство за здравство информира
дека 24 лица кај кој е
детектиран индискиот мутант се вратиле од странство, додека 17 биле
заразени во земјата, односно повеќето
од заразените дошле во Израел од Индија, но некои дошле и од други земји.
Зравствените власти на Израел побараа од Владата да ги забрани патувањата во Индија, но и да ги забрани пристигнувањата на патници во Израел од Индија, бидејќи се стравува дека индискиот сој може да биде делумно отпорен на вакцините против корона вирусот. Но, Министерството за здравство соопшти дека сè уште нема јасни информации за последиците од индискиот сој врз вакцинираните лица или луѓето што претходно успешно се избориле со болеста.
Според професорот Еран Сегал, биолог од научниот институт Вајцман, вакцината на Фајзер/БионТек најверојатно до одреден степен е ефикасна против индискиот сој,
-Клучните мутации на „спајк“ протеинот се познати и забележани и кај други соеви, а веќе знаеме дека вакцините се ефикасни против нив. Значи, не можеме да бидеме потполно сигурни, но верувам дека е многу веројатно дека вакцините ќе бидат ефикасни и против индискиот сој, вели професорот Сегал.
