Мутацијата на коронавирусот ја има насекаде, тврдат научниците
Научници од Британија велат дека новиот вид на коронавирусот го има речиси секаде во Европа. Ова го потврди Нил Фергусон од „Империјал колеџ“ во Лондон, во неговото обраќање пред Комитетот за наука и технологија на Долниот дом на британскиот Парламент.
Британија истражуваше 45 отсто од сите генетски кодови на коронавирусот во светот и сè уште не е сигурно дали новиот вид потекнува од југоистокот на Англија или само за првпат е откриен таму.
Многу земји ги прекинаа сообраќајните врски со Британија токму поради мутацијата на коронавирусот.
Откако се појави мутација на коронавирусот во Британија, Кинезите го сметаат Лондон за нов „Вухан“.
Слично
