Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУТАЦИИТЕ НА КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРАТ: Британскиот сој го има во 101 држава

МУТАЦИИТЕ НА КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРАТ: Британскиот сој го има во 101 држава

Трите нови мутации на коронавирусот се шират во светот. 

Британската мутација сега е регистрирана во 101 држава во светот. Мутацијата на вирусот која првпат е откриена во Јужна Африка, сега е присутна во 41 земја, додека бразилската мутација ја има во 29 земји од светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), јави Тасс.

Бразилската мутација на европско тло ја има во Германија, Италија, Австрија. 

Во светот досега се потврдени повеќе од 112 милиони случаи на коронавирусот. 

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), глобалната смртност од ковид-19 се намалила за 20 отсто во периодот од 15 до 21 февруари, во споредба со претходниот просек од една недела.

Одделот на „Синофарм“ во Институтот за биолошки производи во Вухан денеска ја информира јавноста дека нејзината вакцина против ковид-19, според првичните анализи, во третата фаза од клиничките испитувања се покажала ефикасна во 72,51 проценти од случаите со коронавирус.

foto freepik

Слично

Поврзани вести