Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мутациите на коронавирусот може да доведат до лажно негативни резултати на тестовите

Мутациите на коронавирусот може да доведат до лажно негативни резултати на тестовите

Новите варијанти на коронавирусот може да доведат до лажно негативни резултати на ПЦР тестовите. 

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) го предупреди медицинскиот и лабораторискиот персонал дека генетските мутации на коронавирусот, вклучително и варијантата Б.1.1.7 откриена во Велика Британија, може да доведат до лажно негативни резултати од молекуларните тестови (ПЦР) при тестирање на ковид-19. Лажно негативен резултат може да се појави кај кој било ПЦР тест доколку мутацијата се случила во делот на неговиот геном кој тестот го испитува, предупредува ФДА, додавајќи дека, сепак, опасноста од ваквите мутации да влијаат на целокупната точност на тестирањето е мала. Агенцијата забележа дека со анализа е откриено дека на резултатите од трите тестови за коронавирус одобрени за итна употреба во САД можат да влијаат генетските мутации на коронавирусот, но се чини дека тоа влијание не е од големо значење. Позаразната варијанта на ковид-19 што се шири Велика Британија е забележана во најмалку пет држави во САД.

Стивен Хан од ФДА истакна дека Агенцијата ќе продолжи да ги следи генетските мутации на коронавирусот за да се осигура дека сите досега одобрени тестови даваат точни резултати.

Досега вирусот е потврден кај 90.9 милиони луѓе во светот. Повеќе од 65 милиони заразени го преживеале вирусот. 

Слично

Поврзани вести