Муслиманската абаја ќе биде забранета во државните училишта во Франција
Се воведува забрана за муслиманите во Франција. Државата ќе ја забрани муслиманската абаја во државните училишта.
Тоа е широка долга наметка којашто ја носат некои од муслиманските жени.
„Донесов одлука дека абајата повеќе не може да се носи во училиштата. Кога ќе влезете во училница не би требало да можете да ја препознаете религијата на ученикот уште на прв поглед“, изјави министерот за образование Габриел Атал во интервјуто за телевизискиот канал TF1.
Во 2004 година, Франција го забрани носењето шамии и донесе забрана за прекривање на лицето во јавноста во 2010 година, што разгневи дел од муслиманската заедница.
Одбраната на секуларизмот на француската држава е барање коешто доаѓа од севкупниот политички спектар.
Десничарката Марин ле Пен која изгуби од актуелниот претседател Емануел Макрон планираше мерки за депортирање на муслиманите кои се поврзани со екстремисти.
