Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муслиманите загрижени откако Австрија објави онлајн „мапа на исламот“

Муслиманите загрижени откако Австрија објави онлајн „мапа на исламот“

Владата во Австрија претстави онлајн „мапа на исламот“, по што муслиманите во земјата загрижени. 

Претходно истиот ден, конзервативната министерката за интеграција, Сузана Рааб, објави информации за отворање на нова веб-страница наречена „државна карта на исламот“.

На интерактивната онлајн мапа може да се најдат имиња на повеќе од 600 џамии и организации, нивните адреси, имињата на водачите и нивните можни врски со странски земји. 

Мапата е резултат на соработката помеѓу Универзитетот во Виена и Центарот за надзор на политичкиот ислам, тело основано минатата година од коалицијата на конзервативци и зелени. Вторите, се оградија од оваа иницијатива.

„Интерактивната мапа ја покажува очигледната намера на владата да ги обележи сите муслимани како можна опасност“, реагираше Муслиманскиот совет во изјава пренесена од „Франс Прес“.

Канцеларот Себастијан Курц редовно го критикува „политичкиот ислам“. По првиот напад на џихадистите на територијата на Австрија, што се случи во ноември, бројот на вербални и физички напади врз муслимани се зголемил. 

Слично

Поврзани вести