Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муслимани нападнаа учител во Франција

Муслимани нападнаа учител во Франција

Во францускиот град Вал д'Ои наставник во основно училиште e претепан од двајца млади муслимани кои го нарекувале расист, бидејќи прекорил дете од неевропско потекло. 

Откако Пол Лангевин прекорил едно од децата, двајца мажи го демнеле на враќање од училиштето и го нападнале. 

„Но, јас сум учител на детето" - се обидел да се заштити наставникот пред да биде соборен на земјата со извици „Има само еден наставник и тоа е Аллах!".

Градоначалникот на градот, Жорж Мотрон го осудил целосно  нападот против 50-годишниот маж, кој требало да биде однесен во болница.

Претходно учител во градот Кале останал со скршена вилица и без неколку заби, откако негов ученик муслиман го удрил за  време на час.

„Земјата ќе продолжи да ги гони оние кои ги напаѓаат нашите училишта и учители", беше коментарот на премиерот на Франција, Мануле Валс на социјалната мрежа „Твитер".


Слично

Поврзани вести