Мултимилионер прогнозира уште поголемо поскапување на биткоинот
Мултимилионерот Роџер Вер не личи на другите среќници волшебно збогатени од вложувањата во дигиталната валута биткоин ( Bitcoin ) . Но, заради својата искрена убеденост дека новата валута ќе му помогне на светот да стане подобар , тој го доби прекарот Исус Биткоин .
Независно од растот на нејзиниот курс за стотици пати , Вер смета дека нејзиниот вистински успех уште не е дојден , пренесува CNBC . Вер е роден во самиот центар на светските технологии - Силиконската долина , и се докажува себеси далеку пред бурниот успех на биткоинот. Уште на колеџ тој открива сајт за компјутерска опрема со попуст MemoryDealers од кој го прави својот прв милион при почетна инвестиција од 1 400 долари. Оттогаш не престанува да го развива својот бизнис , а меѓу неговите клиенти се Cisco , HP и Vodafone.
Неговата компанија прави годишен обрт од 5-10 милиони долари и има поделби во Јапонија и Јужна Кореја . MemoryDealers.com стана и една од првите компании која почна да прифаќа порамнувања со биткоин .
Роџер Вер вложол во биткоини околу 1 милион долари , а за две години вредноста на дигиталната валута порасна 1000 пати. Ако во почетокот на 2011 година нејзината вредност беше околу 1 долар , сега таа се тргува на берзата Mt . Gox за околу 1000 долари .
Но, дури и овие феноменални цени, Вер ги смета за премногу ниски .
" Биткоинот ќе доживее многу балони на патот , но ќе го подобри животот на луѓето на земјата. Јас не се плашам од краткорочните флуктуации ", вели тој.
Слично
