Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухамед Алуш од сириската опозиција се повлекува од преговорите во Женева

Мухамед Алуш од сириската опозиција се повлекува од преговорите во Женева

Мухамед Алуш, главниот преговорач на сириската опозиција поднесе оставка поради неуспехот на мировните преговори под покровителство на Обединетите нации.

Тој вели дека преговорите не донеле политичко решение ниту придонеле за намалување на страдањата на населението во опколените градови од сириската војска. Уште во април годинава се навестуваше дека преговорите можат да доживеат неуспех. Засега нема одредено датум кога би продолжиле преговорите што во април беа прекинати во Женева.

Алуш е и претставник на силната бунтовничка група „Џаиш ал Ислам“ во Врховниот преговарачки комитет. Тој тврди  дека мировните преговори не успеале да обезбедат ослободување на илјадници приведени, ниту да и помогнат на Сирија кон политичка транзиција без претседателот, Башар Асад.

Страните во преговорите не утврдиле датум за нивно обновување откако Врховниот комитет привремено го суспендира учеството додека не биде постигната радикална промена во ситуацијата во Сирија.

Шефот на делегацијата на главната сириска опозиција Асад аз Зуби, исто така изјави за телевизијата Хадас дека сака да биде ослободен од функцијата во Врховниот преговарачки комитет, но не потврди дека презел конкретни чекори.

Извор од опозицијата објаснува дека Зуби бил заменет при промена во составот на преговарачкиот тим на Врховниот комитет, во кој влегуваат претставници и на воени и политички групации.

Слично

Поврзани вести