Мудис: САД е на пат да го забележи најнискиот годишен дефицит во изминатите пет години
Ненадејниот пад во федералниот дефицит-разликата меѓу државните приходи од даноците и трошоците, е причината, Меѓународната рејтинг агенција (Мудис) да ја подобри перспективата на американскиот државен долг од „негативен“ на „стабилен“, односно да го потврди рејтингот на нивото Ааа.
Владата на САД е на пат да го забележи најнискиот годишен дефицит во изминатите пет години.
Според Министерството за финансии, во првите осум месеци од буџетската година, дефицитот достигнал 509,8 милијарди долари, што е околу 400 милијарди долари помалку од истиот период минатата година.
Слично
