„Мудис“: Максимален кредитен рејтинг на Шведска
Меѓународната рејтинг агенција „Мудис“ го потврди максималниот кредитен рејтинг на Шведска ААА, со стабилна прогноза. Наспроти светската економска криза буџетот на Шведска е речиси избалансиран благодарение во најголем дел на динамиката на одржлив економски раст, се наведува во соопштението на Мудис, истакнувајќи дека очекува финансиите на земјата да останат стабилни.
Шведска е членка на Европската унија, но не и на еврозоната, која е зафатена од длабока должничка криза.
Неодамна „Мудис“ го намали рејтингот на Франција и Италија од максималниот ААА и предупреди, дека истата судбина може да ја снајде и Германија во следните неколку месеци.
Слично
