Мудис ја менува перспективата за Кипар
Од „негативна“ кон „позитивна“, меѓународната рејтинг агенција Мудис ја зголеми перспективата за кредитен рејтинг на Кипар. Ова следува откако островската држава постигна подобри економски резултати од очекуваните.
Оценката на агенцијата сепак остана непроменета на ниво Цаа3.
Мудис ја зголеми перспективата на Кипар поради мерките, кои ги спроведува кипарската Влада за намалување на буџетскиот дефицит и за финансиска консолидација во рамки на стабилизациската програма, која беше постигната во согласност со меѓународните кредитори во март минатата година.
Слично
