Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мудис: Италија би можела да побара пакет финансиска помош

Мудис: Италија би можела да побара пакет финансиска помош

Италија би можела да побара пакет помош, наспроти формирањето нова Влада и избегнувањето нова политичка криза во земјата, соопшти денеска американската рејтинг агенција „Мудис“.

- Се уште не можеме да ја отфрлиме можноста дека Италија ќе побара помош од Европската централна банка и Европскиот стабилизациски механизам, изјави Дитмар Хорнунг од Мудис за италијанскиот весник „Република“.

Премиерот на новата италијанска Влада Енрико Лета вчера положи заклетва, а денеска за неговото именување ќе се изјасни и Парламентот.

Хорнинг нагласи дека Мудос ќе ја следи работата на новата влада во реорганизирање на економијата.

- Ќе мора да ја провериме посветеноста на новата Влада и нејзината способност одлучно да ги следи големите структурни реформи потребни на земјата за подобрување на својата кредитна способност, изјави Хорнунг.

Слично

Поврзани вести