Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Египет

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Египет
Американската агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Египет за 1 степен од Б2 на Б3, наведувајќи го како причина интензивирањето на граѓанските немири и намалениот обем на девизните резерви во земјата. Главна причина за намалување на кредитниот рејтинг на Египет е неодамнешната ескалација на насилни судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, што резултираше со голем број на жртви, се наведува во соопштението на „Мудис“.
Слично

Поврзани вести