Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мудис: Германските банки се стабилни

Мудис: Германските банки се стабилни
Германскиот банкарски систем е повторно во подобра состојба, оцени рејтинг агенцијата Мудис, за првпат по пет години, пренесува Дојче веле. Мудис, оценувајќи ги германските банки, ги подобри своите прогнози за наредната година и половина на ниво „стабилни“. Германските банки од април 2008 година имаа оценка „негативни“. Оценките на рејтинг агенциите, и покрај тоа што тие се често предмет на критика, се важни за браншата. Голем дел од инвеститорите ги третираат многу сериозно оценките за бонитет. Подобри рејтинзи значат дека банките може да на пазарот на капитал да доаѓаат до пари по подобри услови. Според Мудис, која даде оценка врз основа на состојбата на 40 банки, германските банки во изминатата година ги намалиле своите загуби и го зајакнале сопствениот капитал. Причина за растечкиот оптимизам на рејтинг-експертите е стабилната конјуктура во Германија.
Слично

Поврзани вести