„Мудис“: Длабока и долготрајна рецесија во Кипар
Длабока и долготрајна рецесија во Кипар во својот извештај предвидува Меѓународната рејтинг агенција „Мудис“ и ја задржува негативната прогноза за банките на островот, наведува весникот „Филелефтерос“.
Агенцијата очекува економската рецесија во Кипар годинава да достигне 12 отсто и идната година да се намали на 6,4 проценти. Се очекува рецесијата да изврши притисок на банкарските активи на островот.
Мудис оценува дека проблематичните кредити ќе достигнат над 35 проценти до крајот на годинава, како и дека банките ќе имаат потреба од дополнителен капитал.
Слично
