Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мудис: Данокот врз депозитите во кипарските банки ќе влијае и на други земји

Мудис: Данокот врз депозитите во кипарските банки ќе влијае и на други земји

Тешки последици ќе има од планираниот данок врз депозитите во кипарските банки, не само за клиентите на локалните финансиски институции, предупреди денеска меѓународната рејтинг агенција „Мудис“.

Ова решение ќе има негативно влијание и врз кредиторите на банки од останатите европски земји, бидејќи одлуката на Евроргупата го зголемува ризикот од истекување на капиталот и од други европски земји во криза, истакнува „Мудис“.

Според рејтинг агенцијата влијанието врз пазарот на хартии од вреднот ќе биде значително ограничен. Опасноста од реструктурирање на кипарскиот долг, слично на тоа во Грција, каде сопствениците на обврзници беа принудени да се откажат од голем дел од нивната вредност, е избегнат.

Јерг Асмусен, кој е член на Извршниот совет на Европската централна банка, ја поддржа одлуката.

Според Асмусен ситуацијата во Кипар е уникатна. - Никозија би можела да го промени учеството на штедачите, но сепак ќе треба да ја обезбеди сумата од 5,8 милијарди евра. Банкарскиот сектор во Кипар има специфична структура, нагласи Асмусен.

Слично

Поврзани вести