Економија, финансии, бизнис

Контакт

Му се влошила состојбата: Берлускони е во болница

Му се влошила состојбата: Берлускони е во болница

Силвио Берлсускони е примен во болницата во Милано поради компликации предизвикани од коронавирусот. Поранешниот италијански премиер има 83 години и откако му се влошила состојбата тој бил примен во болница.

Сепак лица од неговото опкружување изјавиле дека состојбата не е загрижувачка. Дека е позитивен на вирусот во средата објави неговиот личен лекар, Албето Зангрлио.

Тогаш беше кажано дека Берлускони е асимптоматски, дека е во неговата вила во Милано и дека ќе остане таму 14 дена во карантин.

Додека пандемијата беше во полн ек, Берлускони беше во својата куќа во Ница, Франција, а потоа дел од одморот го мина на Сардинија, каде се дружеше со Флавија Бријаторе, сопственик на тамошната дискотека „Милионер“, омилено место на ексклузивните гости на островот.

Бријаторе, кој најави дека ќе ја тужи владата за најавата за затворање дискотеки, беше заразен како и повеќето од неговите вработени, но и голем број гости.

Веднаш штом беше објавено дека Бријаторе е позитивен на Ковид19, Берлускони, како што беше најавено, беше превентивно тестиран за вирусот, тој првично не беше заразен, но затоа најновиот тест потврди дека 83-годишниот  претприемач и политичар се заразил со Ковид-19.


Слично

Поврзани вести