МУ ГИ ПИШУВАШЕ ГОВОРИТЕ НА ПУТИН, А СЕГА ТВРДИ ДЕКА Е „ГОТОВ“:„Имиџот му е извалкан, наскоро би можел да биде сменет!“
Абас Гаљамов
своевремено пишуваше говори за рускиот претседател Владимир Путин, а сега тврди
дека наскоро би можел да биде сменет поради неуспехот во Украина и предвидува
дека руските елити ќе почнат да бараат замена за Путин во следните неколку
месеци.
„Имиџот на Путин е извалкан. Следното нешто што ќе се случи во руската политика во наредните неколку месеци, можеби и до половина година, е дека елитите ќе почнат да бараат наследник“, рече Гаљамов во интервју за Си-Ен-Ен.
Не е единствениот кој предвидува вакво сценарио. Група функционери во Санкт Петербург и Москва почнаа да бараат соборување на Путин. Некои од официјалните лица го обвинија Путин за велепредавство за инвазијата на Украина.
Општинските претставници од 18 области во Москва, Санкт Петербург и градот Колпин во близина на Санкт Петербург потпишаа петиција со која бараат оставка од претседателот Владимир Путин. Тие велат дека неговите постапки се „штетин за иднината на Русија и нејзините граѓани“.
Можностите на Путин да воспостави воена надмоќ се мали. Се повеќе има информации за повлекување на руските војници. Гаљамов верува дека јавноста би се побунила доколку Путин сега започне сеопфатна мобилизација.
„Ако Путин почне да го подготвува овој национален план, тој навистина се соочува со опасност од неред. Русите не се подготвени да одат во оваа војна, тие не се подготвени да одат и да ги жртвуваат своите животи, особено во време кога Украинците напредуваат, а Русите се повлекуваат“, рече Гаљамов.
„Не е јасно дали неговата лојална Национална гарда навистина ќе ги потисне тие немири како порано, бидејќи сега таа гарда дефинитивно не е толку лојална“, додаде Гаљамов, пренесува Дејли Бист.
ФОТО: EPA