Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мрежести огради пред зградите во Шангај поттикнаа револт

Мрежести огради пред зградите во Шангај поттикнаа револт

Во кинескиот град Шангај, поради коронавирусот подигнаа мрежести огради пред некои станбени згради. Тоа предизвика гнев во јавноста затоа што ги принуди мнозинството жители на тој 25-милионски град да останат дома, пренесува Б92.

„Ова е кршење на правата на луѓето внатре да користат метални бариери за да ги затвораат како домашни животни“, рече еден корисник на социјалната платформа Веибо.

Шангај, најголемиот град во Кина, се бори против најлошата епидемиолошка ситуација во земјата.  Целосното затворање, кое траеше повеќе од три седмици за многу жители, предизвика фрустрација поради недостаток на пристап до храна и медицинска нега.

На 23 април, градот имаше 39 нови смртни случаи од ковид-19, за разлика од 12 случаи регистрирани претходниот ден, што е воедно и најголем број регистриран за време на тековниот бран на коронавирусот.

фото: твитер/принтскрин

Слично

Поврзани вести