„МРЕЖАТА НА СОРОС МОРА ДА БИДЕ ЗБРИШАНА ОД УНГАРИЈА“: Орбан повторно со дирекна порака против познатиот филантроп
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска со нова критика кон Џорџ Сорос и кон фондацијата.
Тој во кратки црти испрати порака дека е време оваа организација да престане да постои. Орбан се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.
- Мрежата на Сорос мора да биде збришана од Унгарија - напиша Орабан.
Еве ја неговата објава:
Ова не е прв пат Орбан да биде критички насторен кон организацијата.
Минатата година, на почетокот на јуни месец, кога Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија со 200 милиони евра, а Будимпешта, според одлуката, би требало да исплаќа и по милион евра дневно за непочитување на претходните одлуки на судот, кои се однесуваат на европските правила за прием на мигрантите на континентот, тој воопшто не се воздржа од коментари, кои беа насочени кон Сорос.
Според него, Сорос има план во Европа секоја година да носи по милион мигранти за да се „измени традиционалниот христијански европски изглед на континентот“, и Европа да се претвори во „континент со мешано население“. За да го постигне тоа, американскиот милијардер на европските земји им дава кредити и така го финансира менувањето на структурата на европскиот континент, тврди унгарскиот лидер.
