Мразот ги окова американските патишта, погледнете како изгледа сообраќајот (ВИДЕО)
Екстремната
зимска бура буквално ги замрзна Соединетите
Американски држави и го направи речиси невозможен сообраќајот во многу
региони.
Колку и да се внимателни возачите, во овие услови некои сообраќајни несреќи едноставно се неизбежни. Најчесто станува збор за судири со помали брзини во кои нема повредени, но причинета е материјална штета.
На првото видео се гледа како автомобил Tesla целосно застанува. Сепак, автомобилот на крајот удира во полициско возило, а потоа продолжува неконтролирано да се лизга.
Немаше среќа и возачот на Toyota High Lander. Тој не можеше да ја искачи угорницата, а потоа почна да се лизга надолу. Го промаши Поршето, но потоа удри во Тојота РАВ4.
Следното видео доаѓа од Сиетл, каде што сме сведоци на борбата на возачите на Nissan, Subaru и Toyota кои се обидуваат да се движат по замрзнатиот пат. Сите се излизгаа и завршија во други возила.
One car tried to drive my hill and Queen Anne and hit all these parked cars who clue down the hill… insane. DON’T DRIVE. #seattle pic.twitter.com/wJsor6byDa
— Kaybergz (@kay0kayla) December 23, 2022
Возачот на Lexus LX имаше малку повеќе среќа благодарение на тежината на возилото и погонот на сите тркала, а потоа дури и речиси совршено се паркираше на спротивната страна од патот. Меѓутоа, тогаш возачот излезе и веднаш падна, а потоа Лексусот почна да се лизга.
И, конечно, специјално видео од перална за автомобили која замрзна како веќе да започнало леденото доба. Необичната сцена е снимена во Тексас, каде температурите паднале до -11 степени Целзиусови.
Фото и Видео: Инстаграм/Твитер/Youtube
