Економија, финансии, бизнис

Контакт

МРАМОРНОТО МОРЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗА 25 МЕТРИ, по земјотресот нови грижи за Турците (ВИДЕО)

МРАМОРНОТО МОРЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗА 25 МЕТРИ, по земјотресот нови грижи за Турците (ВИДЕО)

Во деновите по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија се забележани бројни природни феномени.

Сега експертите го истражуваат и случајот со повлекувањето на Мраморното Море за цели 25 метри. Опсерваторијата Кандили во Турција објасни дека таквата силна плима не е поврзана со земјотреси, туку со метеоролошки настан.


Истото било објаснето и на Техничкиот универзитет во Истанбул.

„Поради центарот со висок притисок кој се наоѓа на запад од Турција, ветерот веќе подолго време дува од север кон југ над Истанбул кон Мраморното Море. Според податоците на Главниот институт за метеорологија, интензитетот на овој ветер е 20 километри на час. Овој ветер постојано ја носи површинската морска вода на брегот на Мраморното Море на европската страна на Истанбул кон југ. Поради ова, нивото на водата се намалува и се повлекува на северниот брег на Мраморното Море во правец на Авџилар, додека нивото се зголемува на јужниот брег на Мраморното Море“, велат тие.

Во меѓувреме, жителите на Истанбул нервозно споделуваа фотографии и видеа од брегот.

„Овде живеам 20 години и никогаш до минатата недела не успеав да се доближам до овој дел од плажата во Авџилар“, вели еден од жителите.

Иако овој настан не е поврзан со земјотреси, експертите неодамна објавија дека земјотресите предизвикале поместување на тлото на Анадолија за цели три метри.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести