Економија, финансии, бизнис

Контакт

МРАЧНА СЛИКА ЗА ЕКОНОМИЈАТА И КРИТИКИ ЗА ХИЛАРИ: Како Трамп прифати да биде …

МРАЧНА СЛИКА ЗА ЕКОНОМИЈАТА И КРИТИКИ ЗА ХИЛАРИ: Како Трамп прифати да биде …

Доналд Трамп прифати со „смирение и благодарност“ да биде кандидат на Републиканската партија за претседател САД на изборите во ноември, пренесоа агенциите.

„Нашата партија ќе се врати во Белата куќа, нашата земја ќе ја поврати безбедноста, просперитетот и мирот. Ние ќе бидеме земја на великодушноста и топлината, но ќе бидеме исто така земја во која владее јавниот ред“, рече милијардерот републиканец во говорот пред партискиот конгрес во Кливленд.

Трамп го обвини својот противник од Демократската партија Хилари Клинтон дека нејзиното наследство како државен секретар од првиот мандат на претседателот Барак Обама се изразува во „смрт, пропаст, тероризам и слабост“. Тој рече дека безбедноста во САД е намалена, а светот стана нестабилен откако Клинтон се најде на врвот Стејт департментот.

„Наследството на Хилари Клинтон не смее да биде наследството на Америка. Проблемите со кои се соочуваме сега - сиромаштија и насилство дома, војна и уништување во странство, ќе продолжат ако продолжиме да се потпираме на истите политичари, кои ги создадоа“, рече Трамп.

Тој цитира и статистика, според која убиствата во 50-те најголеми градови се зголемија за 17% повеќе од минатата година - најсилниот раст во 25 години. Само во главниот град зголемувањето достигнува 50%, а во блискиот Балтимор - 60%, додаде тој. Според Трамп близу 4 од секои 10 афроамерикански деца во САД живеат во сиромаштија, а 58% од младите од афроамериканските потекло не работат. Повеќе од 2 милиони латиноамериканци живеат во сиромаштија, а други 14 милиони луѓе - и имигранти, и Американци воопшто ја напуштиле работната сила и се откажале од барањето работа.

„Додека сме водени од политичари кои не ја поставуваат Америка на прво место, тогаш можеме да бидеме сигурни дека другите земји нема да се однесуваат кон Америка со респект“, додаде тој.

Говорот на Трамп трае повеќе од час и наслика мрачна слика на економијата на САД и светските дела за време на претседателството на Барак Обама. Републиканецот истакна дека американскиот долг е двојно зголемен до 19 трилиони долари во времето на Обама и продолжува да расте, а „патиштата и мостовите се распаѓаат, аеродромите се во состојба како во Третиот свет и 43 милиони Американци опстануваат од купони за храна“.

Тој ја потврди и својата позиција на спротивставување на меѓународните трговски договори и ограничување на илегалната имиграција во САД, пишува Wall Street Journal. Трамп ја потврди и желбата да им забрани на имигрантите од „народи, компромитирани од тероризмот“ да влезат во земјата. Републиканецот се претстави како „единствен подготвен“ да ја води американската нација: „Никој не го познава системот подобро од мене и само можам да го поправам “

Слично

Поврзани вести