МРАЧНА ПРОГНОЗА НА АНАЛИТИЧАРИ: Русија ќе се распадне за 10 години
Аналитичари имаат мрачна прогноза за Русија. Според новото истражување на Атлантскиот совет, Русија каква што ја знаеме можеби нема да ја преживее претстојната деценија.
Истражувањето на 167 аналитичари, кои ги споделија своите ставови за тоа како би можеле да изгледаат геополитиката, социјалните и политичките движења и другите области за една деценија, покажа дека Русија е во опасност да не преживее во состојбата во која е сега. 40 отсто од аналитичарите предвидуваат дека Русија ќе доживее внатрешен распад до 2033 година, пренесува Скај Њуз. Тие велат дека причините за тоа ќе бидат револуција, граѓанска војна или колапс на политиката.
Дури 46 отсто од аналитичарите очекуваат Русија да стане пропадната држава во следните 10 години или да се распадне до 2033 година.
Атлантскиот совет, објави дека Европејците се особено песимисти во врска со колапсот на Русија, а 49 отсто предвидуваат дека тоа ќе се случи, објави Индекс.хр.
Но, деновиве имаше и други прогнози за тоа што би можело да се случува во Русија.
