Можно ли е пожарите во Русија да се подметнати?
Обвинителството во Русија вчера информирало дека дел од големите пожари на Сибир се подметнати во обид да се прикрие илегално сечење на шумите.
„Откривме случаи на подметнување на пожари во регионот Иркутск, каде шумата изгледа е запалена за да се сокријат илегалните сечења", изјавил Александер Куреној, портпарол на главниот обвинител.
Куреној ги обвинил регионалните власти дека „ги лажирале податоците за големината на пожарот, што довело до бавен одговор во решавањето на проблемите".
Министерството за вонредни ситуации објавило дека голем број на пожари беснеат покрај патот и дека се верува дека ги предизвикале луѓе кои „не се внимателни со пожар".
Слично
