Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е обединување на Русија и Белорусија?

Можно ли е обединување на Русија и Белорусија?

Приказните за обединување на Русија и Белорусија, белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрли и ги нарече западна пропаганда. 

Лукашенко изјави дека Белорусија има своја стратегија што ќе ја следи во иднина.

„Дали имаме своја стратегија? Да. Дали Русија има своја стратегија? Да. И Русија има своја стратегија кон Белорусија. Живееме како браќа, во мир и пријателство“, рече Лукашенко.

Кажа дека Белорусија е независна и суверена земја, а дека со приказните за обединување, Западот според него сакал да ги скара со Русија. Лукашенко од 28 февруари до 2 март ќе престојува во официјална посета на Кина, соопшти Кабинетот на претседателот на Белорусија. Кина предложи мировен план за ставање крај на војната во Украина, но Украина негодува. Лани Русија од белоруска територија изврши напад на Украина. 

Слично

Поврзани вести