Moжно ли е обединување на Молдавија и Романија?
За обединувањето на Молдавија и Романија ќе одлучи народот.
Претседателката Маја Санду денеска изјави дека обединувањето на нејзината земја со Романија е возможно само доколку оваа идеја добие поддршка од населението.
Претходно поранешниот молдавски премиер Јуриј Леанка изјави дека земјата треба да се обедини со Романија за да добие заштита од НАТО и Европската унија од наводната воена закана. Претходно, во самопрогласената непризнаена Приднестровска молдавска република беа изведени најмалку терористички напади, чии што извршители, како што беше објавено во Тираспол, дошле од територијата на Украина.
Потоа во средата Олексиј Арестович, советни во кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да ја окупира областа на Приднестровје, доколку Молдавија тоа го побара од Киев.
Во 1918 година Романија воено навлезе на територијата на современата Молдавија, а создадениот тогаш Совет во Кишинев гласаше за обединување со двете земји. Од јуни 1940 година, територијата на современа Молдавија повеќе не беше дел од Романија. Анкетите покажуваат дека повеќе од 50 отсто од молдовското население се против присоединувањето со Романија.
Се смета дека Русија сака да ја дестабилизира Молдавија. Русија на 24 февруари ја нападна Украина.
