Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е исламисти да се инфилтрирале во вооружените сили на Германија?

Можно ли е исламисти да се инфилтрирале во вооружените сили на Германија?

Меѓу припадниците на вооружените сили на Германија има околу 20 исламисти. 

Дополнително уште 60 лица се набљудуваат, пишува денеска весникот „Берлинер моргенпост“, повикувајќи се на армиски извори. Се смета дека најважно за терористите е воената обука. Овие информации се од военото контраразузнавање на Германија. 

„Бироата за регрутирање добиваат барања за воена служба од кандидати кои сакаат да стекнат знаење за користење оружје и воена техника“ - стои  во документот на разузнавачката служба.

Весникот пишува дека проверките во редовите на германските безбедносни сили почнале по терористичките напади во Брисел и Париз.

Неодамна германската Влада донесе одлука, според која военото контраразузнавање ќе може да ги проверува кандидатите за воена служба поради евентуални екстремистички намери уште пред тие да стапат во армиските единици. Оваа одлука ќе стапи во сила од следната година.

Шефот на германското воено разузнавање (МАД) Кристоф Грам претходно во изјава за дневниот весник „Ди Велт“ кажа  дека тешко може да се превенира инфлитрација на умерени исламисти во германската армија, по што тие би добиле тренинг за ракување со оружје кој што подоцна би можеле да го искористат во редовите на „Исламската држава“.

Според Грам засега нема припадници на германската армија меѓу 600 германски граѓани кои што досега се придружеле на џихадистите, но идентификувани се над 20 поранешни војници кои што патувале во конфликтните зони.



Слично

Поврзани вести