Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е брзо членство на Молдавија во ЕУ?

Можно ли е брзо членство на Молдавија во ЕУ?

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека забрзан пристап на Молдавија во Европската Унија(ЕУ) би можел да биде возможен. 

Како што кажа „или тоа ќе биде навистина брз начин, или преговорите ќе се заглават во долги разговори“.

„Верувам дека е можен забрзан пат“, изјави Моравјецки при посетата на Кишињев. 

Моравјецки изрази надеж дека Европската Унија широко ќе ги отвори вратите за Украина и Молдавија.

Премиерот на Молдавија Дорин Речеан му се заблагодари на Моравјецки за поддршката од Полска. 

„Реформите што ги спроведуваме нè приближуваат до Европската Унија“, рече тој.

Откако почна војната во Украина, Молдавија е загрижена за безбедноста и чувствува закана од Русија, поради руското малцинство кое живее во отцепениот регион Приднестровје. Дури, молдавските власти скоро побараа оружје од западните земји. 

Слично

Поврзани вести