МОЖНО Е ДА ДАДАТ ЛАЖНО ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ: Австралија повлече 200.000 тестови за ковид кои се за домашна употреба
Поради ризик од
давање лажно позитивни резултати австралиската компанија Ellume за производство на медицински
помагала повлече 200.000
тестови за коивид кои се прават во
домашни услови.
Компанијата, како што пишуваат австралиските медиуму, како и според објавата на ФДА-Американската агенција за храна и лекови неодамна идентификувала проблем во производството, заради што произведените тестови би можече да дадат лажно позитивни резултати. .
-Повлекувањето на тестовите е направено веднаш откако е утврден невообичаено висок процент на лажно-позитивни тестови на некои места. Изразувам искрено извинување од нашата компанија, за стресот и тешкотиите со кои се соочија луѓето поради лажно позитивни тестови, изјави основачот на Ellume, Шон Парсонс.
Производот на Ellume минатата година беше првиот тест во слободна продажба за домашна употреба, кој доби овластување за итна употреба во Соединетите држави.
