Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можни ли се напади пред изборите во САД?

Можни ли се напади пред изборите во САД?

Американското разузнавање ги предупредило властите во Њујорк, Тексас и Вирџинија за можни напади на „Ал Каеда" во понеделникот, ден пред изборите за претседател на САД, соопшти денеска телевизијата Си-Би-Ес њуз, повикувајќи се на неименувани извори. 

Не се споменати конкретни места, но претставници на американското разузнавање им сигнализирале на структурите за борба против тероризмот за можна закана, наведе Си-Би-Ес.

„ФБИ во соработка со своите колеги на федерално,  државно и локално ниво споделува и анализира секојдневно разузнавачки податоци и ќе продолжи да работи во тесна соработка со партнерите од органите на прогонот и разузнавачките служби за воспоставување и преминување на секаква потенцијална закана за јавната безбедност"- изјави висок функционер на ФБИ. 

Федералните власти ја предупредиле њујоршката полиција за слична опасност. Канцеларијата, која одговара за аеродромите, тунелите и мостовите во и околу Њујорк, исто така била предупредена, рече портпаролот на њујоршката полиција Стив Коулман. Тој одби да даде поконкретни податоци за предупредувањето.


Слично

Поврзани вести