Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖНИ И НОВИ ИЗБОРИ: Британски министри со закани до Тереза Меј дека ќе поднесат оставка поради Брегзит

МОЖНИ И НОВИ ИЗБОРИ: Британски министри со закани до Тереза Меј дека ќе поднесат оставка поради Брегзит

Министри од владата на премиерката Тереза Мај се заканија дека ќе поднесат оставка како последица од спорот околу Брегзит, објави Ројтерс.

Најмалку шестмина министри приврзаници на останувањето во Европската унија (ЕУ) ќе поднесат оставка, ако Меј поддржи варијанти за тврд Брегзит кој ќе значи излегување на Велика Британија од ЕУ без договор.

Од друга страна, министрите кои инсистираат за излез од ЕУ, ќе поднесат оставка, ако премиерот поддржи останување на Велика Британија во царинска унија со блокот или неговото учество во изборите за Европскиот парламент (ЕП) во мај оваа година.

„Sunday Times“ цитира писмо на државниот министер за прашањата на имиграцијата Керолајн Ноукс, според која договорот на Меј е мртов, а отсуството на Брегзит е многу подобра опција од целосен неуспех на усвојувањето на варијанти на премиерот за излез од ЕУ.

Весникот „Daily Telegraph“ напиша порано дека Тереза ​​Меј има намера идната недела по четврти пат да го поднесе договорот за гласање во парламентот. Медиумот истакна дека ако и овој пат договорот на Меј биде одбиен, тогаш таа ќе распише предвремени парламентарни избори.

Минатата недела британскиот парламент по трет пат го отфрли договорот на Тереза Мај со Брисел за излез на Велика Британија од ЕУ.

Вкупно 344 пратеници се спротивставија на договорот, а 286 го поддржаа.

По неуспешните избори, според одлуката на ЕУ на самитот минатата недела, Велика Британија мора да го напушти блокот на 12-ти април. Земјата би можела да побара понатамошно продолжување на крајниот рок, но тоа ќе значи дека ќе мора да се приклучи на европските избори.


Фото: Ројтерс

Слично

Поврзани вести