Економија, финансии, бизнис

Контакт

MОЖНА Е ВОЈНА МЕЃУ ИНДИЈА И ПАКИСТАН: Функционер тврди дека ќе има напад за два дена

MОЖНА Е ВОЈНА МЕЃУ ИНДИЈА И ПАКИСТАН: Функционер тврди дека ќе има напад за два дена

Затегнати се односите меѓу Индија и Пакистан и можно е да избие војна по нападот во спорната област Кашмир неодамна каде беа убиени туристи. 

Тензиите дополнително се влошија откако висок пакистански функционер рано утринава изјави дека има „веродостојни информации“ дека Њу Делхи планира воена акција против Исламабад во следните 2 дена, објави Си-Ен-Ен. Претходно,  САД и Кина ги повикуваат двете страни на воздржаност.

„Пакистан има веродостојни информации дека Индија планира да изврши воена акција против Пакистан во следните 24 до 36 часа“, изјави пакистанскиот министер за информации, Атаулла Тарар, во невообичаен пост на мрежата Икс среде ноќ.

Тој не даде дополнителни детали за тоа какви докази има Пакистан.

Милитанти убија 26 туристи во планинскиот град Пахалгам во индискиот дел на Кашмир пред една недела. 

Индија го обвини Пакистан дека стои зад нападот, но тоа обвинување Исламабад го негира. Пакистан понуди неутрална истрага за настанот.

Пакистан и Индија досега водеа три војни за Кашмир. 

foto AP

Слично

Поврзани вести