МОЖНА ЛИ Е НОВА СТУДЕНА ВОЈНА? Путин ги финансира десничарите во Европа
Вашингтон е загрижен дека Русија се обидува да ја разедини Европа и тврди дека земјата го поткопува НАТО и ја блокира одбрамбената програма.
Американските разузнавачки служби ќе спроведат голема истрага за руското финансирање на политичките партии во Европа, пренесува британскиот Телеграф.
Џејмс Клапер, американски директор на Државната разузнавачка агенција, добил упатства од Конгресот на САД да спроведи голема истрага за руските финансии во европските политичките партии.
Истрагата доаѓа, откако Вашингтон изрази загриженост дека наводно, Русија сака да ја разедини Европа и НАТО.
САД стравува и дека русите сакаат да ги блокираат американската одбрамбена програма и да ги укини санкциите кои им се одредени по присоединувањето на Крим.
“Оваа истрага е резултат на стравот од нова студена војна, а ова што се случува е навистина нова студена војна. По цела Европа има докази колкаво е руското влијание на овој континент.” – изјавил портпарол на владата за Телеграф.
Од таму тие не соопштија за кои политички партии има сомнежи дека се финансирани од Русија, но тоа најверојатно се десничарски групи како Јобик во Унгарија, Златна гора во Грција, Северна лива во Италија и францускиот Национален фронт, кој доби заем од руските банки вреден 9 милиони евра во 2014 година.


