Се пеглаат разликите околу договорот за слободна трговија на Јапонија, Кина и Јужна Кореја
Завршија подготвителните разговори за можниот договор за слободна трговија меѓу Јапонија, Кина и Јужна Кореја и покрај територијални спорови меѓу овие држави. Преговорите траја изминативе два дена во Токио. Претставници од трите земји ги пеглаа разликите околу договорот за слободна трговија откако претходно на средбата на нивните министри за трговија и економија, одржана во ноември минатата година во Камбоџа, решија да го отворат прашањето за создавање слободна трговска зона.
Се очекува на овие разговори да им се спротивстават јапонските земјоделци, имајќи предвид дека со договорот би се овозможил безцарински увоз во Јапонија на поевтини земјоделски производи, како што е кинескиот ориз.
Слично
